Време

Променливо облачно, попладне дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилува. Попладне локално ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи, особено во југозападните делови.

Дневната температура ќе се движи од 20 до 32 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 29 степени.

Утре и задутре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од сабота се очекува промена на временската состојба, ќе дува северен ветер и ќе предизвика пад на температурата, а сеуште ќе има локални врнежи од дожд.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе