НА СРЕДБАТА СО МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ

Професионалните војници со барање да бидат прераспределени од МО во МВР

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со Независниот синдикат на професионалните војници на Република Македонија.

Тема на состанокот беше прераспределба на професионалните војници по навршување на 45 години од Министерството за одбрана (МО) во Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Претставниците од Независниот синдикат го образложија своето барање на министерот Спасовски. Тие се повикуваат на членот 40 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија, според кој професионалните војници со навршување на 45 години може да бидат прераспределени во други институции. Во конкретниот случај, од Независниот синдикат бараат превземање од Министерството за внатрешни работи (гранична полиција)“, информираа од МВР.

Министерот Спасовски, велат оттаму, на преставниците на Синдикатот им одговори дека  нивното барање ќе го отвори на седница во Владата на Република Македонија.

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе