Откако предизвикале инцидент

Приведени членови на навивачка група, фрлале со тврди предмети кон полицајци

Група членови кои биле дел од навивачка група вчера биле приведени во Скопје. Според МВР тие предизвикале инцидент и околу 15 часот фрлале со тврди предмети кон полицајците. Причината била тоа што полициските службеници не им дозволиле да преминат преку мостот.

„Станува збор за А.Н.(20), Х.Ѓ.(22), Д.М.(18), Д.С.(24), Д.Г.(20) и четири малолетни лица, сите од Скопје, поради тоа што претходно на Плоштад „Македонија", во близина на „Камен Мост", како дел од навивачка група од околу 25 лица, со тврди предмети фрлале кон полициски службеници поради тоа што не им било дозволено да преминат преку мостот", велат од МВР.

Овие лица на „Кеј 13-ти Ноември" претходно физички нападнале други четири малолетници, сите од Скопје.

За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе