По пријава на Централен регистар и консултација на ОЈО

Приведен поранешниот пратеник Јосифовски, осомничен е за упад во компјутерски систем

Поранешниот пратеник од редовите на НСДП Љубомир Јосифовски синоќа бил приведен и однесен на распит во полициската станица Беко. Како што потврдуваат од МВР за МКД.мк Јосифовски бил приведен по претходна пријава од Централниот регистар, а со консултација на јавен обвинител од ОЈО Скопје. Поранешниот пратеник е осомничен за кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем", предвидено и казниво по чл.251 од КЗ. 

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во Биро за јавна безбедност при МВР на РСМ, на 02.09.2019, по претходно доставена пријава од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија и консултација со надлежен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, го лиши од слобода лицето Љ. Ј. (46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем", предвидено и казниво по чл.251 од КЗ на РСМ", соопштуваат од МВР.

 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе