Прилеп доби нова автобуска станица

Прилепчани од денеска за меѓуградски автобуски превоз ќе ја користат новата автобуска станица.

 

Овој објект кој во голема мера ќе придонесе за понатамошниот економски развој на градот ги исполнува сите потребни стандарди и  претставува функционална единица на еден современ транспортен центар. Инвеститорот и сопственик на фирмата „Пелагонија Бус“  која ќе стопанисува со овој објект, Горан Трпковски, ја  истакна одличната соработка со локалната самоуправа и со градоначалникот Ристески повикувајќи и други инвеститори да  градат во овој град. 

На денешната свеченост присуствуваа и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески, генералниот директор на Македонски железници Оливер Деркоски, претседателот на Советот на општина Прилеп Никола Димески и многу други гости.

Градоначалникот Ристески  ја поздрави брзата градба на овој објект кој во рок од една година стана достапен за 24-часовно сообраќајно–патничко функционирање и нагласи дека во иднина со реновирањето и на  железничката станица, Прилеп ќе добие модерен и ефикасен транспортен центар како што му  доликува  на еден современ европски град.  

Министерот Јанакиески изјави дека Министерството за транпорт и врски согласно законските надлежности оваа автобуска станица ја категоризира во прва категорија.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе