МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

Пријавете проблеми на патиштата на новата апликација „Мој пат“

Преку бесплатна мобилна апликација и веб платформа во рамки на проектот „Мој пат“ сите групи учесници во сообраќајот ќе ги идентификуваат и ќе ги пријавуваат недостатоците на локалните магистрални и регионални патишта во државата.

Проектот го спроведува Автомото сојузот на Македонија со поддршка на министерствата за транспорт и врски и за внатрешни работи и Јавното претпријатие за државни патишта. Целта е да се придонесе за квалитетна патна инфраструктура и безбеден сообраќај за сите учесници. 

Според министерот Горан Сугарески, новата веб алатка ќе биде од огромно значење бидејќи ќе придонесе да се воспостави ефикасен систем за утврдување на недостатоците на патиштата и нивно навремено отстранување со што ќе се придонесе за зголемување на безбедноста во сообраќајот. 

- Република Македонија постојано се залага за вклучување на модерните сообраќајни текови со кои ќе овозможиме поквалитетно и побезбедно користење на патиштата. Една од алатките за тоа е и оваа апликација, и ќе ни биде од огромна корист за идентификување на недостатоците на патиштата - рече Сугарески.

Недостатоците што ќе бидат пријавувани во иднина, најави, ќе се отстрануваат согласно приоритетите и капацитетите на надлежните институции. 

- Со тоа ќе создадеме ефикасен систем на одржување на патната структура во државата. Бидејќи изградбата на патната инфраструктура е врвен приоритет на Владата, политиките што ги презема Министерството за транспорт и врски во соработка со ЈП за државни патишта се во насока на обезбедување модерна, квалитетна и безбедна инфраструктура низ цела територија на државата -рече министерот за транспорт Сугарески.

Како што најавија од АМСМ, сите пријавени недостатоци ќе ги доставуваат до надлежните институции за нивно отстранување. Притоа, корисниците на мобилната апликација и на веб платформата ќе можат да го следат статусот на пријавените недостатоци на патиштата до нивното конечно отстранување.

АМСМ апелира граѓаните да ја користат бесплатната мобилна апликација „Мој пат“ која е наменета за андроид и iOS базирани мобилни телефони или да ја користат платформата  www.mojpat.mk

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе