По средбата со Пендаровски, Матарела ќе се упати во Собранието, каде што по разговорите со спикерот Талат Џафери, на свечена собраниска седница ќе има обраќање пред пратениците.
Потоа, заедно со претседателот Пендаровски ќе се поклони на споменикот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас".
Претседателот Матарела утре во попладневните часови ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а ќе има средба и со претставници на италијанската заедница во земјава