Претпладне сончево и топло време, попладне локален дожд, топол викенд

Денеска времето претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер од југоисточен правец.

Дневната максимална температура ќе се движи во интервал од 22 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и ветер. Дневната температура во Скопје ќе биде 27 степени,во Охрид 24, Маврово 19, Дојран 26, Битола 25..

До вторник во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре ќе има преодно стабилизирање со сончево време преку целиот ден. За време на викендот ќе биде потопло, а во почетокот на наредната недела повторно ќе има благ пад на температурата. Утре максималната дневна температура ќе достигне до 31, а в недела до32 степени.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе