Јавно обвинителство

Предистражна постапка за перење пари на високи македонски функционери во Србија

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по допрен глас поведе предистражна постапка заради постоење на индиции за сторено кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик.

„Предистражната постапка е како резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во Република Македонија во врска со изјавата на поранешниот српски министер за надворешни работи и претседател на Народната партија во Република Србија, Вук Јеремиќ. Изјавата се однесува на наводно перење пари во Република Србија од страна на високи македонски функционери и нивната поврзаност со физички и правни лица од Србија и Чешка“, соопштија денес од Јавното обвинителство.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, велат оттаму, ги презема сите потребни дејствија и координација со  институциите надлежни за откривање на овој вид на кривични дела.

Од Обвинителството истакнуваа дека за понатамошниот тек на постапката јавноста континуирано ќе биде известувана.

Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО - не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот, вели политичкиот експерт Иван Крастев за Гардијан.

повеќе

Македонија не е единствената жртва на ваквото здодевно силеџиство на Грција. Грчката влада се расправа и со Албанија и со Турција, вели принцот Мајкл од Лихтенштајн.

повеќе

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе