Епицентарот на земјотресот бил под морето, на неколку километри од популарниот туристички остров Закинтос и 37 километри од градот Филијатра, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
На веб-страницата на ЕМСЦ бројни жители на Грција пријавија дека го почувствувале тресењето, но засега нема информации за штети.
„Значително тресеше околу една минута. Најсилен земјотрес во последните неколку месеци“, се вели на страната.
„Беше како куќата да се врти во круг“, гласеше друг коментар.