Русковска: Не е побарана посебна истражна мерка за Катица Јанева

Новото обвинителство најавено со предлог законот што го објави вчера премиерот Зоран Заев може да го отвори од почеток предметот „Империја“, рече шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на радио Канал 77.

„Откако Врховниот суд го донесе тоа несреќно мислење, сметам дека и да остане така сега новото обвинителство може да го почне од почеток, да ги собира доказите, апсолутно сметам дека кој било од предметите ако има доволно докази и ако не застари, нема да пропадне“, посочи Русковска, прашана дали отворањето на случајот „Рекет“ може да го поништи предметот „Империја“.

Русковска, според предлогот од премиерот Зоран Заев, треба да раководи со обвинителството во кое со новиот закон за јавно обвинителство се предлага Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во досегашното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Русковска рече дека долго време ја работела предистрагата за „Рекет“, бидејќи, посочи, имало сомнежи дека можеби сведокот сака да им се одмазди на колегите од СЈО.

Како што објасни, сведокот отишол кај премиерот, му предочил мал дел од доказите што ги има по што премиерот ги информирал неа и јавниот обвинител Љубомир Јовевски дека има сознанија за сторено кривично дело и дека сака да дојде да поднесе кривична пријава. Со Јовевски го советувале дека е најдобро да дојде сведокот сам да пријави затоа што во секој случај знае многу повеќе и има поголеми детали од она што го знае премиерот.

Појаснувајќи ја причината зошто сведокот првин се пожалил кај премиерот, Русковска рече дека се работи за специфичен случај, затоа што првоосмничениот постојано бил во друштво со министри, обвинители, судии и, нагласи, едноставно луѓето немаат доверба.

Иако немаат, како што појасни, снимки од снимени комуникации, туку аудио и визуелни снимки од домот на сведокот, тие ќе може да се користат затоа што, како што потенцираше, и Венецијанската комисија се има изјаснето дека кога е во прашање јавниот интерес снимки кои се прибавени на нелегален начин можат да се користат како доказ во постапката.

Русковска вели дека од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција не е побарана посебна истражна мерка за Катица Јанева.

„Ние не ја следиме, а дали некој друг ја следи тоа не знам“, рече Русковска, дополнувајќи дека не се виделе со Јанева, освен истражителите кога биле во нејзиниот дом со наредба за одземање мобилни телефони. Вториот телефон не е најден сѐ уште, а за одземениот има наредба за вештачење кое очекува да биде готово задутре.

Покрај од сведокот, имало и други пријави поврзани со случајот и во тек на предистрагата која траела 2,5 месеци. Има, како што рече, и нови пријави за суми од над 500 илјади евра. Сепак за се што ќе се пријави треба да се обезбедат докази, потенцираше Русковска.

Како што рече, не била консултирана за новиот закон за јавно обвинителство и била изненадена од објавата за него. Веројатно ќе има некои забелешки за законот кој сѐ уште не го видела детално. Сметам дека Вишото обвинителство треба да ги застапува предметите на новото обвинителство пред Апелацискиот суд, рече, меѓу останатото, Русковска.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе