Малите етнички заедници во Македонија (21)

Преамбулата на Уставот останува да биде извор на повеќекратна дискриминација на Египќаните, Хрватите, Бугарите, Русите...

Без интервенција во преамбулата на Уставот, не може ефикасно да се практикува ниту концептот „едно општество за сите".

Под Устав во формално-правна смисла се подразбира правен акт со највисока правна сила кој го донесува и посебен, уставотворен орган и во посебна уставотворна постапка, или обичен законодавен орган, но по посебна постапка... Уставите, по својата структура се разновидни. Но, она што на сите им е заедничко, тоа е нивниот нормативен дел, кој го сочинуваат уставните норми, што ги имаат сите Устави. Мнозинството од уставите, покрај нормативниот дел, имаат и еден, обично мошне краток, издвоен дел, што му претходи на нормтивниот дел и се наоѓа на чело на Уставот под назив - преамбула.

Преамбулата не произведува правни дејства, туку како дел од структурата на уставот, содржи ознака на своето потекло, квалификација на доносителот на уставот, означување на оној со чија волја се донесува уставот, а тоа најчесто е народот. Некои преамбули се повикуваат и на поблиската и на подалечната историја на народот, односно на земјата.

Нпрмативниот дел на уставот, всушност е оној дел кој претставува суштина на уставот и негова основна содрина. Уставот може да постои и без преамбула и без основни начела, но никако и без нормативниот дел. Без него, едноставно нема устав.

Во праксата и во реалниот живот, за жал, се докажа дека преамбулата на Уставот, на сега веќе Република Северна Македонија, но и претходно, од Уставот од 1991 година, поставувајќи ги етничките заедници во категоријата „и други“ истата за жал, се покажа како основен извор на повеќекратна дискриминација на етничките заедници сместени во категоријата „и други“ во преамбулата на Уставот.

Токму затоа не треба да се релативизира ова проблематика, туку треба суштински и сериозен пристап кон елиминација на ова, според мене, „фабричка грешка“ бидејки без интервенција во преамбулата на Уставот, не може ефикасно да се практикува ниту концептот „едно општество за сите“, ниту имплементација на начелата на рамноправност и еднаквост, ниту пак, најдобронамерно донесени закони за спречување на дискриминација.

Лично, длабоко сум убеден дека со заедничка, најдобронамерна акција на сите чинители, може и мора да имаме интервенција во преамбулата на Уставот, секако ако сакаме да имаме едно хармонизирано, рамноправно и конзистентно општество, општество кое е хетерогено, и е ужасно тешко за одржување во живот. Но, тоа е нашиот предизвик.

Дипл.правник Демир Далип

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе