Нова рубрика

А што е со правата на помалиот?

Од последниот извештај на Европската комисија за Македонија произлегува дека малцинствата што претставуваат помалку од 20% од населението не се доволно вклучени во креирањето политики и одлучувањето на национално ниво. Малцинствата и понатаму се стереотипизираат во медиумите и на интернет. Недостигаат системски мерки за решавање на одвоеноста по етнички линии, особено во образованието и кај младите, што продолжува да влијае на социјалната кохезија.

Oва навистина претставува сериозен проблем за македонското општество. Продолжува трендот на негативен развој во истакнувањето на етникумот, наспроти градењето модерно граѓанско општество што ќе ги почитува сите основни права на различните етнички групи во Македонија.

Денеска редакцијата на МКД.мк почнува да објавува серија од истражувачки приказни што подетално ќе ги обработуваат токму овие проблеми, а ќе се обиде да понуди и решенија. За проблемите на помалите етнички групи во Македонија во однос на нивното образование, вклученоста во државната администрација, нивното учество во одлучувањето за одделни проблематики, развој на нивната култура и посебност... навистина малку се пишува.

Прашањето е колку македонското општество ги маргинализира овие малцинства и се обидува да ги вклучи во своето секојдневие без разлика на нивниот процент во вкупното население во земјава.

Зборуваме за проблемите на Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците, Египќаните, Македонците муслимани, Црногорците, Хрватите... Што е и со Бугарите и Грците?

Ќе разговараме со нивните политички лидери, претставници во Собранието (ако ги имаат), за нивните залагања за промени, за нивните предлози и за тоа како тие проаѓаат низ институциите на државата, за економската можност на државата да ги задоволи сите овие потреби на малцинствата...

Ќе разговараме со независни експерти и претставници на надлежните државни тела и ќе се обидеме да понудиме решенија за нивната целосна инклузивност и намалување на нивната фрустрација на „второлигашки“ етнички групи, на подредени етнички групи.

Еве и што точно пишува во извештајот на ЕК:

„Севкупната рамка за заштита на малцинствата е воспоставена. Охридскиот рамковен договор од 2001 година и релевантните уставни измени ги определуваат меѓуетничките односи.

Меѓутоа, релевантните институции останаа слаби во спроведувањето на политиките поврзани со малцинствата. Ова се должи на нејасниот мандат на институциите, отсуството на меѓуинституционална соработка, недостигот од ресурси и недостигот од политичка волја. Малцинствата што претставуваат помалку од 20% од населението не се доволно вклучени во креирањето политики и одлучувањето на национално ниво. Малцинствата и понатаму се стереотипизираат во медиумите и на интернет. Недостигаат системски мерки за решавање на одвоеноста по етнички линии, особено во образованието или младите, што продолжува да влијае на социјалната кохезија. Земјата треба да одговори на препораките издадени од страна на Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за националните малцинства во својот последен извештај од декември 2016 година“.

А.Д.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе