Oд 20 јануари во Бугарија ќе може да се влезе со негативен ПЦР тест и потврда за вакцинација или прележан ковид

Граѓаните на Македонија, Израел, Турција и Србија кои доаѓаат во Бугарија од четврток мора да имаат и зелен сертификат и негативен ПЦР тест. Тоа е наредба од бугарската министерка за здравство Асена Шербезова.

„Од четврток, 20 јануари, државјани на Република Северна Македонија, Израел, Турција и Србија и членовите на нивните семејства кои пристигнуваат од земја-членка на Европската унија, Европската економска област, Швајцарија, Велика Британија и Северна Ирска, Р. Северна Македонија, Израел, Турција и Србија, која е во „црвената" зона, дозволен е влез на територијата на Бугарија со приложување валиден дигитален ЕУ-сертификат за ковид за вакцинација или прележана болест, со негативен резултат од ПЦР-тест до 72 часа пред влез", соопшти прес-центарот на Министерството за здравство.

По одлуката од Софија, македонското Министерство за надворешни работи синоќа информираше дека е во постојана комуникација со надлежните институции во  Бугарија и со колегите во бугарското МНР, со цел замена на постојното решение кое може да предизвика сериозен застој во интензивната комуникација на граѓаните од двете земји.

„До почетокот на спроведување на целосна забрана на 19 јануари, очекуваме напорите да вродат со плод и постојното решение да биде заменето со нова одлука со која нашите државјани ќе можат да влезат во Република Бугарија и за таканаречените неесенцијални потреби, и тоа со сертификат за извршена вакцинација или прележана болест и негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа“, соопшти МНР.

Според МНР, во кој било случај, условите за влез на малолетни лица од 12 до 18 години исто така се променети, односно и тие ќе треба да ги приложуваат горенаведените документи при влез. За лица кои не ги почитуваат опишаните правила, следува десетдневен карантин.

„Ги предупредуваме граѓаните кои планираат да патуваат во Република Бугарија од 19 јануари па натаму, внимателно да ги следат официјалните објави од Министерството за надворешни работи за да не се доведат во ситуација да бидат вратени од пограничните власти во Бугарија“, со додава во соопштението од МНР.

Инаку, на 20 јануари „црвената зона“ ги опфаќа Албанија, Босна и Херцеговина, Колумбија, Република Малдиви, Фиџи, Демократска Република Сао Томе и Принсипе, Сент Винсент и Гренадини. 

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе