Првата детска амбасада по повод Светскиот ден на детето

Meѓаши на прес-конференција им отстапи простор на децата да зборуваат

Првата детска амбасада во светот Меѓаши, на денешната онлајн прес-конференција  им го отстапи просторот на децата самите да проговорат и да го одбележат нивниот ден – 20 ноември, Светскиот ден на детето. Учествуваа Едина Мифтароска (13 години), Шејдија Незири (12) и Агнеса Чела (13) од Дебар, Евгенија Џабирска (14), Клара Костадиновска (14), Магдалена Петровска (14), Кристина Василевска (14) Лаура Атансова (13) и Јована Дончева (13) од Виница, Матеа Ефтимовска (13), Антонија Теовска (13), Дина Тахир Богатиновска (14), Стефанија Петковска (13) и Даријан Блажевски (12) од Скопје.

На овој ден децата самостојно одлучија и одбраа да говорат за теми важни за нив: нивното ментално здравје за време на пандемијата на Ковид-19, проблемот што секојдневно го гледаат на улиците – децата на улица, насилството и дискриминацијата, но и за проблемите во образованието, како и според нив, слабата застапеност на децата во медиумите, особено на телевизиите.

Во изминатите две години, во услови на пандемија, без можност за работа во живо, како што соопшти Меѓаши, Амбасадата во континуитет работеше со група деца на повеќе работи – од истражување на национално ниво за испитување на мислењето на децата за тоа колку се почитувани нивните права, пишување на извештај за состојбата со правата на децата што го одбранија пред членови од Комитетот за правата на детето при Обединетите нации, до обмислување и спроведување нивни проекти во нивните училишта.

Децата кажаа дека за време на пандемијата долго време поминале во своите домови и дека за жал, немале можност за другарување и прошетки и дека нивниот живот многу се променил.

Најчестите проблеми со кои се соочија, како што наведоа се: зголемениот број деца на улица, проблеми во семејството – многу родители останале без работа, проблеми со менталното здравје, притисок од наставниците, стравот од вирусот.

На прес-конференцијата рекоа дека децата на улица се исклучително ранлива категорија и дека се во ризик да бидат предмет на трговија со луѓе, на присилна работа, па дури слушнале дека има и случаи каде на овие деца им биле остранувани телесни органи.

Емпатично истакнаа дека „овие деца живеат во постојан страв. Без топол дом, без соодветни услови за живот, не се социјализирани и воопшто не се прифатени од околината. Тие се најчесто дискриминирани, малтретирани или уценувани од страна на многу луѓе. Децата на улица се соочуваат со проблеми како: несоодветна социјална, економска и здравствена заштита, најчесто немаат идентитет, живеат во неповолни услови за живот и се надвор од образовниот процес".

Меѓаши информира дека во неколку последователни настани организирани со деца дискриминацијата се појавува како горлив проблем за децата. Децата велат дека дискриминацијата претставува секое постапување кое донесува до нееднаквост меѓу децата и дека дискриминацијата мора да се елиминира. Велат, сите сме исти без разлика на пол, вера, финансиска состојба,физички изглед. 

Понатаму, истакнаа дека „Во Македонија имаме различна пополуција, а истата зборува на свој јазик. Поради тоа многумина се дискриминирани а и осамени, дискриминирани и тажни поради тоа што не разбираат или не знаат да разговараат на тој јазик, а осамени поради тоа што немаат другарчиња кои зборуваат на тој јазик. Ова мораме да го смениме бидејќи сите треба да се дужиме без разлика на се!"

Исто толку горлив проблем што го истакнаа децата е насилството. Изјавија дека „ ние сме секојдневно изложени на секаков вид на насилство, особено на вербалното насилство. Тоа се среќава се почесто и има многу негативен ефект врз здравјето на нас-децата." истакнаа дека „овој проблем е навистина многу сериозен, и ние тоа секојдневно го гледаме, но нема никакви решенија. Се обративме кај повеќе институции, но не видовме никакви промени и решенија за тоа". Сакаат „Дел од образованието да биде посветено на „антибулинг" и како да се справиме со истото. Бидејќи сметаме дека образованието има големо влијание врз однесувањето и менталното здравје на децата." Исто така, препорачуваат „Да има вработени во одредена област каде ќе внимаваат какво насилство ќе се извршува и да изнаоѓаат решенија за истото".

Како посебен проблем го истакнаа сексуалното насилство, истакнувајќи дека тоа „е сериозен проблем кој остава големи ментални, психолошки и физички последици кај жртвите, како и кај блиските што ги опкружуваат". До државните институции упатија порака: „Не зборувајте за проблемите само кога ќе се случат, напротив зборувајте пред нивното случување за сите жртви да знаат како да се справат со тоа". На училиштата им порачаа: „ организирајте повеќе работилници каде што ќе ги охрабрувате младите и ќе се зборува на оваа тема, бидејќи ова не е ништо срамно за жртвите туку за извршителите на злоделото. За оваа тема треба да се посвети многу повеќе внимание и време". Исто така, упатија пораки и до родителите: „разговарајте со вашите деца, запознајте ги со проблемов пред да биде доцна, потсетете ги дека доколку се најдат во ваква ситуација вие ќе бидете тие што ќе ги поддржите, ќе им помогнете и ќе бидете со нив се' додека е потребно", но и до младите: „доколку сте биле жртва на сексуално насилство не треба да молчите, немате никаква вина, зборувајте и заштитете ги другите. Најпрво обратете му се на семејството, а потоа на институциите, одговорни за заштита на жртвите и гонење на насилниците".

Како што истакнаа „образованието е важно за секоја личност, затоа што половина ден го поминуваме во училиште, а дома се спремаме за училиште" па затоа во нивното денешно обраќање и образованието беше тема на која упатија бројни пораки до надлежните.

Истакнаа дека „54% од децата сметаат дека само делумно се согласуваат дека она што го учат на часовите им е интересно и ќе им биде корисно за понатаму... а 60% од децата сметаат дека им е ограничено слободното време поради многу училишно задачи". Рекоа дека „Децата сакаат и бараат да се смени строгиот однос на наставниците, непочитувањето, бројот на вон наставни и училишни активности..., да има уред за секое дете, да не се преоптоваруваат и да се изучува она што е важно и корисно, да се вработи квалитетен психолог, да се обезбедат услови за децата со попреченост..., да се подобри греењето, да се менува училишниот инвентар, да се набават нови учебници и слично."

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе