Малите етнички заедници во Македонија (7)

Институциите се заробеници на албанските политички партии, велат пратеници од помалите етнички заедници

Најавата на Владата за формирање ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците веднаш предизвика негодување токму од помалите етнички заедници. Сите тие се согласни дека во Македонија одамна никој не се грижи за нивната поставеност во системот, освен, се разбира, за Албанците. „Сите што сме под 20 отсто како да не постоиме во оваа држава, а власта упорно ја повторува паролата 'едно општество за сите'“.

Во Собранието уште во 2002 година е формиран Комитетот за односи меѓу заедниците, а во 2007 година донесен е Закон за Комитетот за односи со заедниците. Една од основните задачи на Комитетот е да разгледува прашања од односите меѓу заедниците и да дава мислења за нивно решавање.

Членови на овој Комитет, претставници на етничките заедници, имаат сериозни забелешки за работата на ова собраниско тело, а нивното незадоволство е уште поголемо ако се знае дека власта не се ни консултирала со Комитетот при предложувањето да се формира ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците како замена за Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор.

Од првата седница на Комитетот за односи меѓу заедниците, 7 септември 2017

Прва реагираше Партијата за општествен и економски напредок ПОЕН, која смета дека Комитетот за односи меѓу заедниците мора да заседава и да даде мислење пред одржувањето на комисиската расправа во Собранието за предлог-законите за изменување на Законот за Влада и изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со кој се укинува Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и се формира ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Рубин Земон, претседател на партијата и припадник на Египќаните, смета дека воопшто во практиката на функционирањето при донесувањето закони или други акти на Собранието, Комитетот за односи меѓу заедниците крајно е маргинализиран.

Рубин Земон Овој Комитет треба да разгледува начелни прашања од областа на односите меѓу заедниците и извршувањето на законите, другите прописи и општи акти со кои се уредуваат односите меѓу заедниците, како и да укажува на потребата за донесување закони и други прописи и општи акти со кои се уредуваат односите меѓу заедниците.

За маргинализацијата на улогата на Комитетот за односи меѓу заедниците, повеќе години укажуваат невладините организации како и меѓународната заедница, особено извештаите на Европската комисија и на разните комитети и комесаријати на Советот на Европа, како и Високиот комесаријат за национални малцинства при ОБСЕ. За жал, тековниот пратенички состав продолжува со практиката на маргинализирање на улогата на Комитетот, па досега ја има одржано само конститутивната седница, а за битни прашања во врска со надлежностите што ѝ се пропишани воопшто не заседавал. Не се почитува ни законската обврска по принцип на ротација еднаш годишно да се избира претседател и заменик на Комитет од редовите на членовите на Комитетот“, вели Рубин Земон.

Собранието е должно да ги разгледува мислењата и предлозите на Комитетот и да одлучува по нив. Такви мислења и предлози едноставно - нема.

Ова е уште една заробена институција во македонското општество, вели во изјавата за МКД.мк Иван Стоиљковиќ, член на Комитетот и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.

Иван Стоиљковиќ Досега не е одржана ниту една седница на Комитетот за проблемите на помалите етнички заедници. Оваа институција е заробеник на албанските политички партии. Имавме политички договор за ротирање на раководното место на Комитетот, но ни тоа не се прави. Имаме тотална маргинализација на помалите етнички заедници, процес на воведување на благ федерализам. Што и да се случи, Комитетот не заседава. Не може ново министерство што треба да се занимава со проблемите на етничките заедници да се формира без наше мислење. И Агенцијата за остварување на правата на заедниците молчи. Уште една заробена институција“, рече Стоиљковиќ.

Друг пратеник, членот на Комитетот за односи меѓу заедниците и претседател на здружението за културно обединување на Бошњаците од Македонија Аваз, Зеќир Рамчиловиќ, се согласува со своите колеги. „За жал, вашата констатација е точна“, вели тој во изјавата за МКД.мк.

Зекир Рамчиловиќ И по многу други прашања за коишто требаше да заседава Комитетот за односи меѓу заедниците, тој не заседаваше. Во тоа и лично се уверив кога барав комитетот да заседава по одредени теми и извештаи. Сметам дека е добро овој предлог-закон да биде разгледан и дискутиран од сите засегнати страни, вклучително и од експертската јавност, може ќе произлезат предлози што можат да го подобрат ова законско решение. Но факт е дека досегашната имплементација на правата на помалобројните заедници не била квалитетна, особено во делот на правичната застапеност и во образованието, и верувам дека ова е добар начин да се интензивира процесот на унапредувањето на правата на заедниците според Уставот и законите“, рече Рамчиловиќ.

Реџаил Исмаили, претседателот на Комитетот, не одговори на прашањата на МКД.мк.

Пратениците се согласни дека за укинувањето на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и формирање на ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците мора да се прашаат, да се консултираат и да се претставниците помалите етнички заедници. Собранискиот Комитетот за односи меѓу заедниците мора да има мислење и одлука за тоа, која ќе ја разгледа Собранието. Ако Исмаили не сака, пратениците со кои разговаравме се подготвени да го побараат тоа со потписи од најмалку 7 члена на Комитет за односи меѓу заедниците.

А.Д.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе