УТРОВО ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Пожар во фурната и семејната куќа на поранешниот министер Владо Мисајловски

Утринава во 9 часот избувна пожар во пекарата „Кендо“ во скопската населба Ѓорче Петров. Фурната е во сопственост на таткото на поранешниот министер за транспор и врски, Владо Мисајловски, кој е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Ѓорче Петров. 

Пожарот го зафатил и покривот на семејната куќа на Мисајловски. Според очевидците,  пожарот избил од оџакот кој се запалил рано утринава.

Повреден е еден од пожарникарите кои учествувале во гаснењето на пожарот. Од МВР велат дека екипите се на терен и официјална информација за пожарот најавија по завршување на увидот. 

Фото: СДК 

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе