ВО ОТСУСТВО НА АДВОКАТИТЕ НА ОПОЗИЦИОНЕРОТ

„Поткуп“ одложен за април, Заев тврди се работи за целосно наместен случај

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска дојде во Основниот суд Скопје 1 на продолжението на судењето за случајот „Поткуп“, но тоа се одложи до 21 април поради отсуство на неговите адвокати, Филип Медарски и Ване Андреев.

Судијката добила уредно известување од Медарски со приложен авионски билет од службено патување, а од Андрев, пак, добила известување дека е на неодложено патување во Грција, но за тоа нема добиено соодветно известување. Па, го задолжи и предупреди првиот човек на СДСМ доколку не се појават на судот во следниот закажан термин - ќе бидат парично казнети

Според Заев, вториот адвокат доцна го известил дека е спречен да дојде од здравствени причини, па поради тоа немал време да најде друг бранител. Во однос на целиот случај „Поткуп“, лидерот на СДСМ повторно тврди дека е наместен.

„Многу пати имам давано изјави за случајот ’Поткуп’. Се работи за комплетно местење коешто апсолутно верувам дека и е познато и на јавноста. Никаде во светот нема поткуп без примање или давање на пари. Секако, ние ги поднесовме кривичните пријави и против човекот кој што се обидува да мести поткуп , заедно во организација со обвинителот кој што го прават тоа. Надвор од сите законски процедури и нормативи воспоставено е следење лично на мене, на телефоните и физичко следење. Никако не можеме да дојдеме до наредбите коишто по право го имаме како одбрана да ни бидат доставени и слично. Но секако, во развојот на целиот овој процес јавноста ќе биде секогаш како и досега транспаретно информирана“, рече Заев пред судот.

Случајот „Поткуп“ беше побаран од Специјалното јавно обвинителство за да утврди надлежност по предметот, но од Основното јавно обвинителство рекоа дека предметот што го бараат не е поврзан, ниту произлегува од незаконското следење на комуникациите. Барањето на СЈО заврши кај Советот на јавни обвинители. Од таму се уште нема одговор по ова прашање.

Инаку Заев, како како градоначалник на Струмица е обвинет за примање поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов при приватизација на градежно земјиште.

Според обвинителството, Заев од Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица. Една половина од парите требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица, пишува во обвинението.

Од одбраната, пак, рекоа дека поткупот не е примен, а одземањето на корисничкото право на користењето на градежното изградено земјиште не е дејство за кое е надлежен градоначалник, туку тоа е во надлежност на Министерството за финансии, односно на Управата за имотно-правни работи.

 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе