Постојан комитет на Бернска конвенција: Забрана за изградба на хидроцентралите Бошков мост и Луково поле

Оваа препорака важи се додека не се подготви стратешка оцена за влијанието врз животната средина.

„Откако беше презентиран извештајот, реакцијата на нашата влада беше негативна и изричито го негираше извештајот. Она што беше кажано е дека како таков за Македонија е неприфатлив, и Владата бараше препораките да не бидат усвоени на овој состанок, туку да се одржи повторна истрага со нови експерти и дури другата година да се донесат препораки“, изјави Ана Чоловиќ-Лешовска од невладината организација „Еко свест“.

Постојаниот комитет на Конвенцијата за заштита на европскиот жив свет и природните живеалишта работи во рамките на Советот на Европа. Македонија е потписник на оваа конвенција од 1997 година, па препораките се задолжителни.

Во препораките, повикани се и банките да ги запрат своите финансии се додека во суштина не се изготви студија за кумулативниот ефект и после да се утврди дали паркот може да ги издржи тоа или не.

Министерот за економија Беким Незири вели дека забелешките и препораките од европските институции ќе бидат почитувани.  

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе