Месечен извештај

Посериозно да се превенираат насилствата помеѓу деца, препорачува Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права во месечниот Извештај наведува дека во месец февруари регистрирани се 8 инциденти од омраза, сите сторени поради етничка припадност и сите во Скопје и околината. Во половината од регистрираните инциденти жртви биле деца , односно лица под 18 години, а во другата половина жртви се лица на возраст до 25 годишна возраст.

Од 8 инциденти, 3 се случиле на булеварот Кузман Јосифовски Питу, во два деца се лица под 18 години, а едната жртва е на возраст од 19 години.

Препораката од Хелсиншкиот комитет за човекови права е дека трендот на насилства помеѓу деца и младинци од минатата година, продолжува и годинава, поради што потребно е властите со многу посистематски и посериозен пристап да ги превенираат ваквите насилства, а веќе сторените да ги истражат темелно и целосно, да ги откријат сторителите и истите соодветно да бидат санкционирани.

 

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе