Водици на поинаков начин

„Исчезна“ крстот во базен во Пробиштип, по 40 минути потрага попот фрли втор (ВИДЕО)

Околу 40 минути траеше потрагата по крстот во Пробиштип каде по повод големиот христијански празник Водици крстот се фрлаше во базен во Аква паркот. Попот го фрли крстот, по што неколку момчиња кои се пријавиле скокнаа во базенот. 

Но, крстот потона во базенот длабок 2 метри и никој од пријавените верници не успеа да го пронајде. На неколку пати пријавените излегуваа и пак се фрлаа во базенот, нуркаа, но потрагата по крстот беше неуспешна.

Во празен базен и попот и верниците кои беа дојдени да присуствуваат на чинот гледаа околу 40 минути.

Присутните на социјалните мрежи настанот го пренесуваа во живо, а коментарите на Фејсбук гласа „Попо да се фрле", за на крајот гледачите да почнат да прашуваат да не се работи за скриена камера.

Настанот кој беше проследен со многу смеа од страна на присутните заврши со фрлање на втор дрвен крст по кој скокнаа само двајца. Едниот од нив по име Драган кој беше најупорен го извади крстот од базенот.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе