Политика

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска побара власта и раководството на Град Скопје да испорачаат решение за проблемите на приватните автобуски превозници во Скопје, кои четврти ден протестираат со блокади на три клучни сообраќајни точки во главниот град, со барање да им се исплати долгот од Град Скопје и Јавното сообраќајно претпоријатие (ЈСП) Скопје.

08 Декември 2022 - 15:36

Скопјани и Скопје, македонскиот политички, економски и здравствен центар, не смеат да бидат жртва на лукративност, криминогеност и тајни средби на коалицијата Тачела, Ковачевски и Данела Арсовска, порача на прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додава дека бараат неотповиклива оставка на Данела Арсовска од градоначалничката функција во Град Скопје, а „Владата да ја напушти коалицијата Тачела, да ги одземе ингеренциите за јавниот градски превоз во Скопје и подмирување на долгот кон приватните превозници“.

08 Декември 2022 - 11:00

Одговорноста за блокадите и хаосот што му се случуваат на Скопје е единствено кај Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ и додаваат дека заминувањето на Ленин Јовановски како еден од организаторите на протестите е само провидна игра на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ.

08 Декември 2022 - 09:44

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православната вероисповед.

08 Декември 2022 - 09:40

Поранешниот министер за правда, Аднан Јашари тврди дека со одредбите на законот за високо образование кој што се применуваше до 2010 година, сите студенти во сите универзитети, и државни и приватни, се стекнале со такви уверенија, а не само синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Јашари додава дека дека такви случаи немало само на Универзитетот на Југоисточна Европа, туку на сите високообразовни институции во државата. Ваквата изјава следува по откривање на 449-те случаи со прекршување на правилата за полагање на правосуден испит. 

08 Декември 2022 - 08:57

Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Николај  Милков рекоа дека ќе работат против говорот на омраза во двете земји, додека македонските и бугарските бизнисмени до политичките елити порачаа бизнисот влече напред во односите меѓу двете земји. Ова се пораките од вчерашниот македонско-бугарски форум што вчера се одржа во Скопје под мотото „До една милијарда и понатаму“, во знакот на проекцијата од една милијарда евра трговска размена за оваа година меѓу двете земји.

08 Декември 2022 - 07:47

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски остварија средба со Џајлс Норман Амбасадор на Канада во Република Македонија.

07 Декември 2022 - 17:55

Според истражување на јавното мислење на Фондацијата Конрад Аденауер, 61,2 проценти од испитаниците не ја оправдуваат помошта во оружје и опрема што Македонија ѝ ја дава на Украина и исто така, 61,6 отсто од испитаниците не ги оправдуваат економските санкции на Македонија врз Русија. Сепак, над 50 проценти од граѓаните не ја одобруваат руската инваззија врз Украина.

07 Декември 2022 - 14:57

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потврди дека утрово имало пријави за поставени експлозивни направи во девет училишта и во зградата на Народна банка, според истиот модус кој е дел од т.н. хибридна војна што се води, не само кај нас. 

07 Декември 2022 - 13:37

Министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија се првите кои реагираат на говорот на омраза. Тоа е долг процес за којшто е потребно време, но оди кон подобрување. Ова е ставот на шефовите на дипломатиите на двете земји Бујар Османи и Николај Милков што го изразија одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција во Скопје.

07 Декември 2022 - 13:07

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Монс, Белгија ја посети Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО, каде оствари средба со Врховниот командант, генерал Кристофер Каволи. Пендаровски во НАТО кажал дека Македонија ќе продолжи на Украина да ѝ пружа хуманитарна и дипломатска помош.

07 Декември 2022 - 12:47

Амбасадорката на САД Анџела Агелер има искуство со Македонија и веројатно гледа дека правосудниот систем уште не е променет и покрај бројните забелешки. ЛДП нема да дозволи неказнивост на поединци, политички и економски недопирливи моќници, кои се богателе на грбот на државата и граѓаните. Секоја одговорност мора да има име и презиме, вели претседателката на ЛДП Моника Зајкова.

07 Декември 2022 - 12:40

Дали Весна Дамева е назначена за претседател на Судскиот совет токму од судско-бизнис елитите за кои говореше Павлина Црвенковски кога даде оставка на таа функција, прашува пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова. Таа го поставува и прашањето:  Што треба да испорача Дамева?
Панева вели дека одговори мора да се дадат и да се понесе одговорност.

07 Декември 2022 - 12:14

Преку својот фесјбук - профил министерот за надворешни работи Бујар Османи порача дека Македонија нема да воведе визи за граѓаните на Косово. „Северна Македонија нема да воведе визи за Косово. Заклучокот на Европската комисија ќе биде ревидиран", напиша Османи. Министерот притоа не ја спомнува Турција, за чии граѓани Европската комисија бара од Македонија исто така да се воведат визи, a со која земја Македонија со децении има блиски и пријателски односи.

07 Декември 2022 - 10:03

Алтернатива ја поздравува иницијативата на стратегискиот партнер САД за справување со политичката корупција во Македонија и во тој контекст го реафирмира уставниот амандман изготвен од партијата  за спречување на застареност за кривично гонење на злоупотреби причинети од избрани и именувани лица на сите нивоа на власта.

07 Декември 2022 - 09:38

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе