Политика

Оваа 2021 година не смее да биде изгубена за Западен Балкан, порача австрискиот министер за надворешни работи, Александер Шаленберг и побара почеток на преговори за членство во ЕУ со Македонија и Албанија.

09 Јуни 2021 - 11:33

Со Извршна наредба од американскиот претседател Џо Бајден проширен е опфатот на санкциите во однос на националната вонредна состојба од 2001 година и врз оние лица или ентитети кои го загрозуваат и Преспанскиот договор и Охридскиот договор. Со наредбата на овие лица и ентитети кои не наведени поименично, им се замрзнува имотот и им се забранува влез во САД.

09 Јуни 2021 - 10:14

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со писмо побраа од евроамбасадорот Дејвид Гир да се заложи за зачувување на независноста на Уставниот суд, бидејќи власта имала намера за уставни судии да бидат избрани партиски функционери на СДСМ, спротивно на член 111 од Уставот.

09 Јуни 2021 - 09:51

ЕУ мора да го исполни ветувањето за старт на преговорите со Скопје и Тирана, смета шефот на германската дипломатија Хајко Мас, според кого, добро е што португалското претседателство со ЕУ ја држи оваа тема високо на агендата на Унијата.

09 Јуни 2021 - 07:41

Приведениот Стефан е чесно и мирно дете, а од Спасовски очекувам да го казни дивјакот кој примени сила како и да се извинат за настанот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во „Што не е јасно“ на Алфа, говорејќи за денешниот протест кај Мавровка, каде полицијата приведе едно лице.  

08 Јуни 2021 - 22:02

На денешната седница на Централниот одбор на Социјадемократскиот сојуз Љупчо Николовски е избран за Шеф на Централниот изборен штаб за претстојните локални избори.

08 Јуни 2021 - 21:35

Во Тирана ќе потпишеме договор за заедничка контрола на границите со Албанија, а следно е Косово, најави премиерот Зоран Заев, потсетувајќи дека веќе има („One stop shop") со Србија, додека крајот целта е да има („No stop, just go").

08 Јуни 2021 - 21:32

„Организиравме предупредувачки протести кои што ќе продолжат и во деновите кои што следат, нема да биде само еден. Продолжуваме и утре во исто време, на исто место, помеѓу 15 и 17 часот. Нашето единствено барање е Нацрт документот по кој што двоецот Заев – Бучковски преговара со официјалната Софија. И ние сме вознемирени и имаме причина и имаме право зошто сме вознемирени бидејќи од сериозни дипломатски извори од Брисел и од Софија стигаат информации кои што навистина се алармантни за македонскиот народ, македонската нација, би рекол и македонската држава", рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Што не е јасно" на Алфа телевизија.

08 Јуни 2021 - 19:30

Протестите на очајното и безидејно ВМРО-ДПМНЕ доживеаја дебакл ширум земјава. Едвај 13 возила со 14 луѓе, тоа е просекот на денешните „протести", велат од СДСМ.

08 Јуни 2021 - 19:27

На денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, беше приведено едно лице, бидејќи снимал со мобилен телефон. Во текот на денот, приведеното лице беше пуштено на слобода.

08 Јуни 2021 - 19:17

Јавната администрација годинава ќе го добие регресот за годишен одмор или таканаречениот К-15 и за таа намена се алоцирани дополнителни 230 милиони денари. Тоа, рече денеска премиерот Зоран Заев, е обврска од потпишаните колективни договори во 2019 година и таа треба да се исполни.

08 Јуни 2021 - 17:33

ЕУ мора да го исполни даденото ветување за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, порача денеска германскиот министер за надворешни Хајко Мас, и додаде дека го разбира разочарувањето во регионот поради малиот напредок на процесот на проширување во текот на минатата година и се заложи за негово повторно придвижување.

08 Јуни 2021 - 15:54

Со блокада на три крстосници во центарот на Скопје и со блокади во десет градови низ државата, опозициската ВМРО/ДПМНЕ го почна, како што го нарекоа, предупредувачкиот протест од кој од Владата бараат да го објави документот, т.н. патоказ за кој, според нив, со Софија преговараат премиерот Зоран Заев и владиниот специјален пратеник за Бугарија Владо Бучковски.

08 Јуни 2021 - 15:40

Собранието на Македонија изгласа Одлука да се продолжи за шест месеци рокот за постоење кризна состојба на територијата на државата заради заштита на здравјето на населението и безбедност од ширење на пандемија од ковид-19. Со измени на постојната Одлука, наместо 30 јуни 2021, кризната состојба ќе трае до 31 декември 2021. Против одлуката гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека е непотребно да се продолжува кризна состојба зашто бројот на заразени е намален и дека тоа се прави за да може да се манипулира на локалните избори во октомври.

08 Јуни 2021 - 15:34

Претседателот Стево Пендаровски на средбата со претставници на оштетените штедачи од Еуростандард банка ги истакна своите заложби сите евентуални криминални дејствија сторени од кој било субјект да се разрешат во соодветна законска процедура од страна на надлежните органи, информира кабинетот на шефот на државата.

08 Јуни 2021 - 14:21

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе