Истражување на 360 степени

Зошто Спасовски чекал 3,5 месеци да ја забрани работата на станицата во која бил регистриран автобусот на „Беса транс“

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, потпишал решение за затворање на станицата за технички преглед во која бил регистриран автобусот на „Беса транс“, три дена по трагедијата, но за пропусти во работењето на станицата откриени уште во август. Решението е изречено од МВР на 26 ноември, пропустите во работењето биле констатирани во август, на 5 октомври во „ВИА комерц“ во село Глумово се регистрирал автобусот на „Беса транс“ во кој на 23 ноември изгореа 45 патници. Во август било запишано дека во станицата „се овозможува во сообраќајот на патиштата да учествуваат технички неисправни возила, односно возила кои може да претставуваат опасност по безбедноста на сообраќајот на патиштата“, објави вчера 360 степени.

Зошто министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја потпишал забраната за работа дури три и пол месеци подоцна и тоа веднаш по трагедијата на автобусот на „Беса транс“, прашуваат новинарите на емисијата 360 степени.

Според официјалниот записник, овластени лица од МВР спровеле надзор во станицата на компанијата „ВИА комерц Џемаљ“ на 12 август 2021 година. При надзорот, констатирани се серија неправилности поради што надлежните служби во Биро за јавна безбедност на 25 август 2021 година носат предлог за забрана за работа, со рок од 30 дена во кој станицата треба да ги отстрани пропустите. Од увидот на лице место и во снимениот материјал за извршени технички прегледи, меѓу другото, било утврдено дека во контрола на возила во станицата учествуваат нестручни лица.

Истиот ден кога ставил потпис на решението, Спасовски на прес-конференција кажа само дека при техничкиот преглед на автобусот на „Беса транс“ не биле утврдени пропусти.

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе