Адвокатот Шехтански со нова иницијатива пред Уставниот суд

Зошто паушалите на членовите на одборите се забранија, а платите на функционерите ќе се исплаќаат?

Пред уставните судии од вчера има нова иницијатива за покренување на постапка за оценка на уставноста и законитоста на владината Уредба (1388 бр.44-2867/1 од 6 април)  за забрана за исплата на паушалите и надоместоците на членовите на управни и надзорни одбори... За оваа Уредба Уставниот суд не покрена постапка, како што тоа го стори за Уредбата за намалување на платите на функционерите и судиите.

Адвокатот Ванчо Шехтански, кој е потписник на оваа иницијатива, смета дека со ова законите во Македонија селективно се применуваат.

Со владината Уредбата 1388 се ограничува правото на исплата на парични паушали и парични надоместоци на претседателите и членовите на одбори на директори, претседатели и членови на управните и надзорните одбори, претседатели и членови на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од државната и локалната власт и претседателите и членовите на советите на единиците на локалната самоуправа за време на вонредната состојба.  

Ова значи дека во целост се ограничува правото на исплата на парични паушали и парични надоместоци во органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, установите и институциите кои вршат дејности од областа на културата, образованието, детската, социјалната, здравствената заштита, како и други дејности од јавен интерес за време на траењето на вонредната состојба. А во оваа Уредба се предвидува дека вонредната состојба ќе трае до декември 2020 година.

„Нелогично е одредбата да има во еден член рок на важност додека трае вонредната состојба, а во друг член до декември 2020 година? Што во случај вонредната состојба да не трае заклучно со декември 2020 година? Која е логиката именуваните лица бесплатно да извршуваат советодавна и одлучувачка функција во наведените институции, за која носат висока одговорност, кога уставните судии решија платите за именуваните функционери непречено да се исплаќаат во текот на вонреднаата состојба. На тој начин се повредени основните слободи и права на човекот и граѓанинот наведени во член 9 од Уставот според кој граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Ова значи дека примената на Уредбата 1388 е незаконска и неуставна“, вели Шехтански.

Тој во иницијативата до Уставниот суд предлага да се поведе постапка за уставноста и законитоста на Уредбата и примената на истата итно да запре.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе