Судот донесе одлука

Зоран Заев ослободен од обвинението за Поткуп

Судот донесе одлука дека Зоран Заев не е виновен во случајот Поткуп и е ослободен од обвинението. 

Судијата Дарко Тодоровски рече дека Обвинителството не докажа дека премиерот Зоран Заев додека бил градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев.

Претходно, Тодоровски го читаше обвинението, за кое кажа дека освен видео доказите од посбените истражни мерки, се слушале и телефонски разговори кои биле прибавени на истиот начин и потсети дека бил сослушан и сведокот Иван Николов.

Обвинителниот акт за овој предмет Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го поднесе на 28 мај 2015 година.

Заев во случајот беше обвинет дека како градоначалник барал околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевслиев за приватизација на градежно земјиште. Токму Николов беше и единствениот сведок во овој случај.

На минатото рочиште обвинителката побара измена на правната квалификација и наместо за примање поткуп, обвинетиот да биде осуден за барање поткуп за што казната е помала.

Заев во целиот судски процес изјавуваше дека случајот е монтиран со цел да го спречат во објавувањето на политичките бомби.

 

 

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе