Реакција

Зоран Нечев: Премногу е за едно општество и ова да се проголта

Премногу е за едно општество по договорот од Преспа и промената на името да го проголта и ова, коментира на својот твитер-профил Зоран Нечев од Институтот за демократија Социетас цивилис. Тој е инаку и раководител на Центарот за европски интеграции и поранешен вработен во Секретаријатот за европски прашања на македонската Влада.

 

„Неисполнувањето на ЕУ на своите ветувања е цената што треба да ја плати мојата земја Македонија за да напредува во процесот на пристапување“, напиша Нечев.

Тој претходно се согласи со тоа дека во интерес на Македонија е најпрво да ги слушне позициите на земјите членки на ЕУ, да ги изразат своите забелешки на францускиот предлог за пристапувањето на Македонија во ЕУ, па дури потоа и ние да се произнесеме.

„Позициите ги слушнаа, предлогот го добија, и на писмено... И сега немаме што да кажеме или да предложиме модификации во текстот бидејќи е усогласен од страна на 27 земји членки и поминат во бугарскиот парламент.

Интенцијата на Владата никогаш не била да се разговара и да се преговара за овој предлог, туку да се прифати каков ќе ни го дадат. А државата, сите општествени чинители да се стават пред свршен чин“, вели Нечев.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе