Зоран Димитровски веќе не е одговорен уредник на „Фокус“, се сомнева на притисоци од власта
Зоран Димитровски - Жоро денеска го потпиша последниот број на неделникот „Фокус“ како одговорен уредник. Разрешен бил без никакво образложение од позицијата. Тој се сомнева дека причина е серијата текстови во кои на сатиричен начин ја критикува актуелната владејачка гарнитура и премиерот Зоран Заев. Тој веќе бил опоменат дека ваквите текстови пишувани на дијалект биле „неприфатливи и под нивото“ на „Фокус“.
Зоран Димитровски е поранешен уредник и во дневните весници „Вечер“, „Дневник“, „Нова Македонија“...
На последното изборно собрание на Здружението на новинари на Македонија беше избран за член на управиот одбор на еснафското здружение.
Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.