ЗНМ со осуда на нападот врз екипата на МИА на денешниот протест

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудува денешниот напад врз екипа на Медиумската информативна агенција (МИА) која професионално известуваше за протестот поврзан за случајот „Монструм”.

„Според кажувањата на колегите од МИА, имало обид да им се одземе опремата и турканици, при што снимателот бил турнат, а неговата опрема оштетена.

Ваквиот однос кон новинарите кои се на работна задача на терен е неприфатлив и потребно е да биде строго казнет од страна на Министерството за внатрешни работи затоа што насилството кон новинарите не е дозволиво во демократски земји.

Неказнивоста на нападите и медиумските работници може да поттикне посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување како и правото на информирање на граѓаните. Затоа е важно што поскоро да се измени Кривичниот закон во насока на системска заштита на новинари и медиумските работници“, соопшти ЗНМ.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе