Реакција

ЗНМ пак ги осуди заканите од Тозија кон новинари

Повторно алармираме за непримерниот однос на директорот на Агенција за филм Горјан Тозија кон новинари, реагира Здружението на новинари на Македонија.

„Колешката Сунчица Уневска Гвозденовиќ која долги години не само што промовира професионално новинарство туку е и почитувана како филмски критичар, неодамна пријави во ЗНМ дека била предмет на закани и омаловажување од страна на директорот Тозија. Тој на нејзиниот профил на социјална мрежа и се заканил дека ќе ја тужи за клевета, а потоа и упатил лични дискредитации и навреди поврзани со работата на колешката Уневска.

'Смешна си ти со своето незнаење и злоба, да беше во друга држава немаше да ти дозволат да напишеш реченица, ама простотата и злобата ќе се потрудам да ја правдаш пред суд… срам да ти е, излезе долна, злобна, лажливка која одработува од инает и незнаење… за жал немаш веќе време, ќе си останеш така запаметена, штета што некој ти дал право на јавен збор и простор да го злоупотребуваш', се вели во пораката до Уневска од профилот на директорот Тозија.

Освен погрдните зборови во пораките упатени кон Уневска, Тозија во својата порака нечовечки алудира на личните, сериозни здравствени проблеми кои ги има колешката Уневска. Ова е скандалозен и низок начин на комуникација од одговорно лице на јавна установа кон новинар“, соопшти ЗНМ и најави дека за овој инцидент ќе ја извести и Владата на Македонија и ќе побара од надлежните Тозија да сноси политичка одговорност за овој однос со кој се нарушува и угледот на Агенцијата за филм, која тој ја застапува.

ЗНМ соопштива дека минатата недела добиле и пријава од колегите од дигиталната редакција Сакамдакажам.МК дека Тозија се заканува преку адвокатска канцеларија за три тужби за клевета за претходни текстови на овој медиум поврзани со работата на Агенцијата. „Потсетуваме дека лице кое има јавна функција треба да има поголем капацитет за критика, а кога се заканува со тужби кон новинарите тоа се смета како притисок и придонесува за зголемување на самоцензурата.

Ова е трет пат ЗНМ да го осуди заканите со тужби кон медиуми и дисквалификации на новинари од Тозија. Заканата со тужби за објавени текстови за работата на Агенцијата за филм кон 3 редакции, МКД.мк, Сакамдакажам.мк и Радио МОФ.мк ги осуди и меѓународната организација Репортери без граници.

Мандатот на Горјан Тозија како директор на Агенцијата за филм истече на 4 август, а тој на прес-конференцијата на 24 јули изјави дека од Владата побарал продолжување. Неделава истече и рокот од 60 дена што Владата го имаше да одговори на иницијативата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за утврдување на одговорност на Тозија поради прекршување на процедурите во постапките согласно Законот за филмска дејност. Од Владата досега нема одговор на инцијативата на ДКСК.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе