ЗНМ: Наредните денови Димовски ќе ја свика седницата за избор на членови во АВМУ и МРТ

Преставници на Здружението на новинари на Македонија денеска имаа средба со претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски, со кого било договорено во наредните денови да ја закаже седницата на оваа Комисија, со што, како што велат од ЗНМ, ќе се отпочне постапката за избори на лицата во овие совети како предуслов за реформи во медиумскиот регулатор и јавниот сервис.

На денешната средба во Собранието, претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски и директорот Драган Секуловски на средбата со Димовски разговарале за блокираниот процес за избор на членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги и на Програмскиот совет на МРТ. На средбата, како што соопшти ЗНМ, било договорено дека во наредните денови Димовски ќе ја закаже седницата на оваа Комисија со што ќе се отпочне постапката за избори на лицата во овие совети како предуслов за реформи во медиумскиот регулатор и јавниот сервис. 

Според Димовски, се очекува веднаш после летните одмори, доколку има политички консензус, да се премине кон законската обврска и да се организира јавна дебата за кандидатите кои ги исполнуваат законските услови за да бидат избрани во двата совета со дво ретинско мнозинство од страна на Собранието. 

Од страна на ЗНМ, пак, било истакнато дека за оваа постапка веќе сите рокови се пробиени и дека по закажувањето на седницата политичките партии треба да покажат високо ниво на разбирање за ефикасно надминување на блокадата во медиумските реформи.

„Освен ова, на средбата беше посочен и проблемот за нефункциоирањето на Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер која веќе повеќе од една година нема кворум да одлучува по претставки од страна на новинарите и граѓаните. Оваа Комисија, сега веќе Агенција со измените на законот од мај 2019 година, е од исклучително значење за подобрување на транспарентноста на јавните институции за тоа како тие работат и како ги трошат парите на граѓаните. Од претставниците на ЗНМ беше побарано веднаш да се ангажира Комисијата за избор и именување при Собрание и да го спроведе законот со избор на новиот директор и заменик директор во оваа Агенција”, велат од ЗНМ.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе