ЗНМ ја осуди изјавата на Заев и побара јавно извинување

Здружението на новинарите на Македонија остро ја осудува денешната изјава на премиерот Зоран Заев, во која тој кажа дека нема да дозволи некој суетен новинар да ја симне оваа влада од власт. Ваквиот агресивен говор кон новинарите од страна на премиерот, според ЗНМ, „може да поттикне насилство кон нашите колеги, а со тоа и дополнително да се загрози нивната безбедност и да се ограничи слободата на изразувањето”.

„Го повикуваме премиерот Зоран Заев, веднаш да се извини на новинарите, а пред сѐ, на колегата Бранко Героски доколку оваа негова изјава беше упатена кон него и во иднина да се воздржи од вакво дискредитирање на новинарите.

Премиерот Заев како претседател на партијата на власт и на Владата потребно е да покаже дека умее да се справи со критиката од страна на новинарите, а со тоа да даде пример и на останатите членови на Владата, но и на македонската јавност. Наместо јавно да се пресметува со критички новинари, потребно е да ги охрабри во нивните напори да откриваат евентуална злоупотреба на власт, а институциите да реагираат.

Истовремено, во својата изјава премиероткористеше непримерен говор во однос на припадниците на ЛГБТИ заедницата што не доликува на сериозен политичар и носител на таква висока функција. Како новинари и Здружение кое се залага за еднаквост на сите полиња и недискриминација по ниедна основа го осудуваме и овој дел од изјавата на премиерот Заев и бараме да јавно да се извини”, пишува во реакцијата од ЗНМ.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе