ЗНМ и ССНМ: Осуда за нападот на новинарската екипа на Ал Џaзира во центарот на Скопје

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) преку соопштение го осудуваат нападот кон новинарската екипа на Ал Џезира и бараат од Министерството за внатрешни работи (МВР) да го санкционира напаѓачот за кој има и јавно достапна снимка од настанот.

Во соопштението од ЗНМ и ССНМ се наведува дека на протестот кој вчера во центарот на Скопје го организираше политичката партија ВМРО -ДПМНЕ, од страна на непознато лице, новинарката Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ од медиумот Ал Џезира биле нападните и попречени во вршење на своите професионални новинарски задачи.

„Според видеата и изјавите на новинарката во врска со инцидентот, откако прашалo од кој медиум е, непознатотo лице имало физички контакт со нив по што го турнало микрофонот на новинарката. Новинарката Смилевска на лице место го пријавила инцидентот на службеник од МВР по што, за сега непознатото лице, било тргнато на страна, а од службеникот било укажано дека ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава“, наведуваат од ЗНМ и ССНМ.

Оттаму порачуваат дека таквиот однос кон новинарите кои се на работна задача на терен е неприфатлив и потребно е да биде строго казнет од страна на МВР затоа што, потенцираат, насилството кон новинарите не е дозволиво во демократски земји.

„Доколку ваквите инциденти се толерираат во иднина има ризик да се охрабрат нови посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување како и правото на информирање на граѓаните“, укажуваат Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе