ЗНМ и ССНМ го поздравија бесплатниот пристап до информации од Катастарот и Централниот регистар

Здружението на новинарите на Македонија ја поздрави одлуката на Владата за обезбедување на бесплатен пристап на новинарите до документите од Централен регистар и Агенцијата за катастар на недвижностите.

„Веруваме дека бесплатниот пристап на новинарите до важни документи во земјата ќе го олесни пристапот на истражувачките новинарите до информации од интерес за јавноста, а со тоа ќе се подобри и информираноста на граѓаните.

Сметаме оваа одлука ќе ја зголеми транспарентноста, отчетноста и одговорноста на носителите на јавните функции, а воедно ќе влијае и за намалување на корупцијата и на разни форми на злоупотреби на власта.

Постојано сме инсистирале на новинарите да им се овозможи слободен пристап до информациите од јавен карактер со цел да се поттикне развојот на истражувачкото новинарство кое се наоѓа на маргините на медиумскиот простор“, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

И Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја поздрави одлуката на Владата за бесплатен пристап на истражувачките новинари до документите од Централен регистар и од Агенцијата за катастар на недвижностите, и истовремено побара власта да го измени Законот за пристап до информации од јавен карактер.

„Сметаме дека со оваа одлука на истражувачките новинари ќе им се олесни пристапот до информациите, што ќе ја зголеми транспарентноста, отчетноста и општествената одговорност на носителите на јавните функции, но и на правните лица и ќе влијае на намалување на корупцијата и на злоупотреба на службената положба. ССНМ се надева дека ваквата одлука истовремено ќе го поттикне и развојот на инаку дефицитарното истражувачко новинарство, кое има суштинска улога во обезбедувањето на информациите што се од интерес на јавноста“, порачаа од синдикатот.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе