ЗНМ и СЕММ го осудија дискриминаторскиот говор на Апасиев кон новинарите

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудуваат непристојниот и груб однос на пратеникот Димитар Апасиев кон новинарите, служејќи се со стигматизирачки и дискриминаторен говор и нарекувајќи ги новинарите „проститутки“, во знак на незадоволство за начинот на којшто известувале од меѓувладината конференција во Брисел.

Според ЗНМ и СЕММ, со самото тоа, како актуелен пратеник и претседател на политичка партија, негативно влијае врз слободата на изразување и квалитет на јавната дебата.

„Со своите вчерашни јавни изјави на социјалната мрежа Фејсбук, Апасиев демонстрира пример на тоа како јавна личност не треба да комуницира со новинарите и јавноста воопшто.

Ова не е првпат Апасиев да се служи со ваков говор и да има арогантен однос кон новинарите. Со тоа директно го крши и Кодексот на етичко однесување на пратениците, според кој што во член 6 се наведува дека ‘пратеникот е должен при извршување на функцијата да се однесува со особено внимание и почитување на личноста и угледот на секој поединец‘истовремено мотивирајќи и други партиски приврзаници, но и други поединци и групи во општеството, на истиот начин да се постават кон новинарите“, пишува во соопштението.

Од двете организации укажуваат и предупредуваат дека со ваквиот говор и настап е возможно да се поттикне насилство кон новинарите, што е апсолутно спротивно со законот, за што одговорност имаат и институциите на системот.

 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе