ЗНМ и СЕММ: Да се почитува Кодексот кога се известува од настани со трагични последици

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) апелираат до медиумите доследно да го почитуваат Кодексот на новинарите на Македонија кога известуваат за настани во кои има трагични последици проследени со загубени човечки животи.

ЗНМ и СЕММ соопштија дека со загриженост реагираат на ширењето на сензационалистички наслови и информации по сообраќајната несреќа што се случи вчеравечер во близина на трговскиот центар Сити мол во Скопје во која, според официјални информации, животот го загуби 24-годишна девојка.

„Објавите преку кои се прикажуваат експлицитни кадри од сообраќајната несреќа може да ја вознемират јавноста и да предизвикаат дополнителна душевна болка кај членови на семејството и блиски лица на починатите. Медиумите имаат обврска да ја информираат јавноста за информации од јавен интерес, но притоа да ја почитуваат приватноста на личноста, како и личната болка и жалост, а во согласност со членот 8 од Кодексот на новинарите според кој 'начинот на информирање во случаи на семејни трагедии мора да биде ослободен од сензационализми'“, наведуваат ЗНМ и СЕММ.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе