ЗНМ и СЕЕМ го објавија регистарот на професионални онлајн медиуми

Досега 67 портали ги исполнија условите кои Здружението на новинарите на Македонија и Советот за етика на медиумите во Македонија ги одредија за регистарот на професионални онлајн медиуми. Процесот на креирање на регистарот е поддржан и од Стопанската комора на Македонија.

Извршниот директор на Советот на етика во медиумите на Македонија Марина Тунева информира дека процесот на креирање регистар на професионални онлајн медиуми е резултат на поширока дебата за потребата од адресирање на проблемите од работата на онлајн медиумите. Таа посочи дека ставот на ЗНМ и на СЕММ е дека саморегулацијата е најмоќно решение за поттикнување на професионалноста во медиумите, не само во сегашни околности, туку и на подолг рок.

Креирањето на регистарот се одвивал според критериумите усогласени меѓу СЕММ и ЗНМ по примери од практиката во развиените демократски општества и Советот на Европа, а била консултирана и новинарската, медиумската и бизнис-заедницата во државата.

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија Младен Чадиковски зборуваше за корисноста од креирањето регистар на професионални онлајн медиуми. Информира дека PROMEDIА.MK не се прави од денеска за утре, не е проект што почнал и завршил, туку, како што рече, е еден бескраен проект што ќе трае.

„Професионалните онлајн портали кои се дел од PROMEDI@ се иднината на веб-новинарството во земјава затоа велам дека нема да престане, а нашата вистинска работа допрва почнува. Покрај десетиците средби што ги имавме со новинарите, уредниците, бизнисмените, процесот на убедување да се сфати што значи ова ќе продолжи сѐ до исполнување на финалната цел – препознавање на професионалните медиуми и насочување на бизнис рекламните кампањи кон нив“, рече Чадиковски.

Тој изрази благодарност што Стопанската комора и маркетинг агенциите го прифаќаат моделот и упатуваат јавна препорака кон своите клиенти, своите пари за реклами да ги упатуваат кон медиумите на PROMEDI@, односно кај кого што сакаат од таа листа. Чадиковски посочи дека ги одбрале бизнисмените за партнери зошто, како што рече, тие се главниот лост што можат да ги направат медиумите независни.

Според него, PROMEDI@ ќе има широка примена, за бизнисмените, граѓаните, публиката, за политичарите. Регистарот, како што рече, не е даден еднаш засекогаш, доколку некој од оваа листа ги прекршува стандардите ќе му се каже збогум.

„PROMEDIA е позитивна листа на медиуми. Не сакаме било која институција да ја искористи на поинаков начин и да ја користи за давање или недавање акредитации, за забрана на влез во различни институции на луѓе кои не се на оваа листа. Не, листата е единствен предуслов за препознавање на професионалните наспроти непрофесионалните медиуми“, потенцира Чадиковски.

Информациите за тоа кои се членки на регистарот на професионални онлајн медиуми се поставени на веб-страницата на PROMEDI@ МК која од 1 јануари 2020 година ќе стане целосно функционална и редовно ќе се ажурира со податоцаи за членките на регистарот.

На настанот беше упатен повик до граѓаните да поднесуваат жалби до СЕММ ако сметаат дека некој медиум ги прекршил стандардите. „Само на тој начин ќе се спречат пропагандистите и уценувачите да бидат дел од Регистарот“, објасни Чадиковски.

Потпретседателката на Стопанската комора на Македонија Јелисавета Георгиева – Јовевска објасни дека регистарот ќе помогне на бизнис заедницата во препознавањето на професионалните онлајн медиуми, наспроти оние кои не ги исполнуваат критериумите за членство. „Креирањето на регистарот е многу значаен момент за сите нас, затоа што е прв обид да се стави ред во медиумскиот простор. Стопанската комора во ова покажува дека во својата корпоративна општествена свест го има етаблирано и значењето на медиумите како значаен општествен чинител и коректив на власта“, истакна претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, во видео-изјавата на настанот.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе