ЗНМ: Груевски, Јанкуловска и Мијалков да дадат оставки

Премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и директорот на УБК Сашо Мијалков мора да дадат оставка, без разлика кој го нарачал прислушувањето. Тие се должни да спречат вакво масовно кршење на уставните права и слободи на граѓаните. Нивното заминување од функцијата ќе помогне да се расчисти целиот случај, смета Здружението на новинарите на Македонија.

ЗНМ смета дека е прегазено правото на слобода на изразување, приватност на новинарите и правото на тајност на изворите на информации кои се предвиден во македонскиот Устав. „Жртви на прислушувањето не се само новинарите, туку се сите граѓани затоа што целта на следењето било да се спречи објавувањето на битни информации во јавноста. Ваквото насилство врз новинарите и врз слободата на медиумите во демократски општества не поминува неказнето“, велат од ЗНМ и го повикуваат Јавното обвинителство сериозно да ги разгледа објавените докази за прислушување на новинари и да покрене соодветни постапки.

ЗНМ соопшти дека од објавените разговори меѓу министри и владини функциониери со сопственици на медиуми и уредници се потврдиле нивните ставови за тоа дека медиумите во Македонија не се слободни и се заложници на интересите на власта и на сопствениците на медиумите.

„Се откри една јавна тајна дека власта со јавни пари ги купува највлијателните медиуми за потребите на дневната партиска пропаганда. Повеќе нема сомневање дека владините кампањи служат за промоција на општиот интерес, туку се средство кое на власта им овозможува да ги уредува вестите на телевизиите. Ваквата практика мора да престане веднаш. Владата треба да ги суспендира сите владини кампањи во медиумите се додека не се расчисти овој скандал. Прислушувањето на новинари го компромитира медиумискиот систем во Македонија и го претстави во вистинско светло, како корумпиран и целосно зависен од политиката. Бевме сведоци дека највлијателните медиуми не информираат, туку се средство за манипулација со граѓаните. Ваквата злоупотреба мора да престане и да се санкционира.

Единствен излез од ваквата апсурдна состојба е воспоставување на нов медиумски систем и нови контролни механизми на политичкиот систем, кој ќе гарантира независност и слобода на медиумите и ќе спречи нивна злоупотреба во иднина од политиката и бизнисот“, соопшти ЗНМ.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе