ЗНМ ги објави резултатите од вчерашните избори

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ги објави резултатите од вчерашнот Изборно собрание и информира во однос на одзивот станува збор за рекордно Собрание. ЗНМ објави дека за претседател е реизбран Младен Чадиковски, а ги соопшти и имињата на новинарите и медиумските работници кои ја добија довербата од колегите за членство во органите и телата на ЗНМ.

Присутни во салата беа околу 500 новинари и медиумски работници, од кои регистрирани со право на глас беа 487 новинари.

Резултатите се следни:

За претседател на ЗНМ е избран Младен Чадиковски со 275 гласови, Марјан Николовски освои 119 и Фиљана Кока 53 гласови, а неважечки ливчиња беа 11 од вкупно 458 гласа.

За членови на Управен одбор се избрани:
Анета Блажевска
Аслан Вишко
Сенат Зулбеари
Трајче Илиевски
Мишко Иванов
Маја Јовановска
Петар Клинчарски
Искра Опетчевска
Среќко Поповски
Ристо Тасев

За членови на Надзорен одбор се избрани:
Мефаил Исмаили
Роберт Коцев
Сеад Ризвановиќ
Горан Симоновски
Миомир Серафиновиќ

За членови на Совет на честа се избрани:
Саше Димовски
Огнен Јаневски
Мира Костиќ
Емилија Мисирлиевски
Игор Стефановски

Годишното редовно Изборно собрание беше најпосетениот новинарски настан во Македонија каде што на демократски и фер начин, новинарите и медиумските работници го искажаа своето мислење за иднината на новинарството во која ќе продолжат да се имплементираат и понатаму принципите на професионалното новинарство, соопшти ЗНМ.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе