Борба против ширење дезинформации

ЗНМ: Дел од мерките во планот на Владата се проблематични

ЗНМ внимателно ги следи чекорите на Владата во однос на промовирањето на Предлог планот против ширење на дезинформации и првичната оценка содржи точки поради кои изразуваме загриженост. За да се исклучат сомнежите за злоупотреба на обврската на Владата да ја гарантира слободата на изразување, важно е процесот на консултации за овие теми да биде максимално инклузивен и транспарентен од самиот почеток, оценува Здружението на новинари.

„Владата треба да знае дека дефинирање на професионални стандарди и оценката за тоа дали некој новинар или медиум е етичен, може да ги прави исклучиво новинарскиот еснаф и јавноста, а не владина институција или каква било работна група во рамки на Владата.

Околу содржината на Предлог планот, го охрабруваме потегот на Владата да направи напор за одбранбен механизам внатре во институциите, преку креирање на протоколи и обуки за државните службеници. Сметаме дека е битно извршната власт да биде транспарентна и точна во начинот на пренесување на информациите кон јавноста, како превентивен механизам за погрешно толкување од страна на медиумите.

Од друга страна, со загриженост ги проследивме дел од проактивните мерки и тоа особено оние кои имплицираат на платени кампањи во приватните медиуми, најавата за корегулација, воведување на критериуми за акредитирање на медиуми кои ќе имаат право да ги следат владините настани во согласност со стандардите на новинарската професија, како и формирање на акциска група за борба на дезинформации со проблематичен состав и улога. Недореченоста на овие предлог мерки може да се толкува како обид за ограничување на слободата на изразување, а со тоа да се нанесе штета во, и така кревкиот медиумски сектор во нашата земја“, се вели во соопштението на ЗНМ.

Според Здружението, битката против дезинформации е сложен процес, не само во Македонија, туку и општо во светот. Европската комисија веќе има план за превенција кој е добра основа за планирање на активности и во нашата земја, но од исклучителна важност е локалниот контекст и затоа е нужно новинарите и медиумите да имаат силна улога во креирањето на овие стратегии и да бидат однапред вклучени во процесот.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе