ЗНМ бара Владата да најде 500.000 евра за долгот на МРТ кон ЕБУ

Здружението на новинари на Македонија ја повикува Владата итно, во најбрз можен рок, да обезбеди средства за подмирување на долгот што МРТ го има кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ), кој изнесува околу половина милион евра.

На овој начин, според ЗНМ, ќе се отстрани опасноста МРТ да биде „отсечена“ од Европското радиодифузно семејство што претставува голем чекор назад во процесот на европските интеграции со кој дополнително се нарушува имиџот на Република Македонија.

„Неподмирувањето на долгот значи дека МРТ нема да може да емитува програма од ниту една членка на ЕБУ, ниту спортски натпревари, филмови, странски емисии, цртани филмови, документарна програма. Во моментов, според информациите од централата на ЕБУ, МРТ нема пристап до содржините што се емитуваат преку нивните сервиси“, се вели во соопштението од ЗНМ.

Реакцијата на ЕБУ, според ЗНМ, е последица на повеќегодишно недомаќинско работење на јавниот сервис за што треба да се сноси одговорност.

Исклучувањето на МРТ од ЕБУ, се додава во соопштението, е резултат на нефункционалниот модел на финансирање на јавниот сервис и на лошиот менаџмент.

Програмскиот совет на МРТ на вчерашната седница донесе заклучок со кој побара од Владата да го подмири долгот на МРТ кон Европската радиодифузна унија.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе