Предвремени парламентарни избори

Зибери: Подобрување на иднината на младите, од 5 одделение задолжителни часови по албански јазик

Кандидатот на ДУИ за премиер Насер Зибери изјави дека негова заложба во првите 100 дена како премиер Албанец ќе биде да работи на подобрување на иднината на младите и на воведување на задолжителни часови по албански јазик од 5-то одделение.

„Мојата заложба во текот на првите 100 дена како премиер Албанец предвидува исто така и подобрување на иднината на нашите млади. Ќе го направиме задолжително предучилишното образование и ќе обезбедиме градинки во секоја општина“, рече Зибери на средбите со наставничкиот кадар во дворот на училиштето „Хасан Приштина“ во Чаир.

За неговата заложба за воведување на задолжително изучување на албанскиот јазик од 5-то одделение, Зибери рече дека Законот за јазиците е донесен во Собранието и оти сега веќе албанскиот јазик е официјален јазик во земјата.

„Ова е најважното достигнување за нас Албанците“, истакна Зибери.

Вети и зголемување на платата на наставниците на 600 евра со што, како што рече, ќе се валоризира нивната работа.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе