Предвремени парламентарни избори

Зибери ги повика на ТВ дебата Заев и Мицкоски

Насер Зибери, кандидатот за прв премиер Албанец на ДУИ ги повика своите македонски политички противници на јавна дебата на ТВ.

„Граѓаните заслужуваат демократска дебата за идеите и иднината на земјата. Сега е време да ги презентираме нашите програми, нашите идеи, нашите визии, нашите концепти пред граѓаните на Северна Македонија“, рече Зибери.

„Затоа, би сакал да ја искористам оваа можност да ги поканам двајцата мои конкуренти за премиерската функција на ТВ дуел. ТВ дуелите меѓу кандидатите за премиер се важен сегмент во демократските држави насекаде низ светот. Уште еднаш им се обраќам и на господинот Заев и на господинот Мицкоски, да ја прифатат оваа испружена рака да организираме дебата на независните и неутрални медиуми, да имаме телевизиска дебата и да ги информирате нашите граѓани за нашите погледи, визии и идеи, а со цел да им биде полесно на граѓаните да донесат одлука на денот на изборите“, продолжи Зибери.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе