Журнал: Мерко ги отстапи надлежностите на Струга за препораките на УНЕСКО

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко се откажува од надлежностите на општината за урбанистичко планирање, градежни дозволи, издавање концесии и за спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО и ги отстапува на Владата.

Новинската агенција Журнал пишува дека струшкиот градоначалник денеска за ова писмено го информирал премиерот Зоран Заев. МИА се обиде да стапи во контакт со градоначалникот Мерко, но по неколкуте обиди мобилниот му беше исклучен.

Од Владата на Македонија за МИА информираат дека до овој момент кај нив не стигнало такво барање.

„До овој момент во Владата нема стигнато такво барање“, посочи за МИА владината прес-служба.

Во писмото кое го сподели Журнал меѓу другото стои дека Мерко, до оваа одлука дошол по долгорочната кампања која се води против него и Струга со цел, како што вели, да се покријат дивоградбите во Охрид и опасноста за одземање на статусот заштитено подрачје под УНЕСКО на Охридското Езеро. 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе