Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи

Жозеп Борел: Мораме да го врземе Западниот Балкан за ЕУ

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел вели дека приоритет на неговата работа на чело на европската дипломатија ќе биде приближување на Западниот Балкан кон Унијата, како и постигнување договор во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

На прво место мораме цврсто да го врземе Западниот Балкан за Европската Унија, наведува Борел во писмо упатено до министрите за надворешни работи и за одбрана на земјите членки на Европската унија пред првото заседание на Советот за општи работи на ЕУ под негово претседавање.

Во писмото во кое ги изнесува своите видувања за приоритетите и начините на работа поврзани со надворешната и безбедносна политика на Унијата, Борел наведува дека „непосредното соседство“ треба да биде еден од приоритетите на ЕУ.

„Запирањето на конфликтите и излекувањето на раните во непосредното опкружување е важно и за стабилноста и безбедноста на самата ЕУ“, смета Борел.

Тој напоменува дека е важно земјите членки на ЕУ да се договорат како ќе го водат процесот на проширување, додавајќи дека за ова прашање ќе работи заедно со министрите за надворешни работи и со комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Во делот за „непосредното соседство на ЕУ“, Борел посочува и дека покрај на проширувањето, ќе се посвети и на постигнување „сеопфатен договор меѓу Србија и Косово, како и на поставување на Босна и Херцеговина на патот кон вистинска стабилност“.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе