Живковски: Итно да се повлече предлог ДУП-от за Расадник кој предвидува повеќе од 120 згради

ВМРО-ДПМНЕ, односно Општинскиот комитет Кисела Вода, денеска го организира овој протест со цел да го изразиме нашето незадоволство и револт против фамозниот и добро познат во медиумите предлог ДУП за новата населба во Расадник, ова денеска го истакна претседателот на ОК Кисела Вода на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Живковски.

„Зошто протестираме? Предлог ДУП-от за Расадник предвидува повеќе од 120 згради од кои најголемиот дел се тринаесеткатници. Не предвидува никаква зелена површина и сметаме дека со евентуалното усвојување на предлог ДУП-от ќе се закочи во целост функционирањето на овој дел од градот, во кој што и онака владее безредие, владее урбан хаос, а општината буквално не презема ништо за регулирање на овие проблеми на граѓаните. Од евентуалното донесување на овој фамозен предлог ДУП би се населиле во новата населба повеќе од 20.000 граѓани,20.000 граѓани кои треба да гравитираат околу општината, 20.000 граѓани кои што ќе треба да влезат преку овие инфраструктурни патишта кои ги имаме во моментот и на тој начин би се блокирал и онака веќе постоечкиот хаос кој што владее веќе одамна во Кисела Вода. Ние се обидовме повеќе пати да апелираме до градоначалникот и до локалната власт да го повлечат ваквиот ДУП. ВМРО-ДПМНЕ не било и нема да биде против урбанизација, меѓутоа не на ваков начин и не во ваква форма. Најважното е да се каже дека со евентуалното изгласување на ваквиот предлог ДУП ќе придонесе за и онака загадениот воздух во овој дел на градот да биде уште поголем затоа што ќе спречи циркулација на воздухот од околните планински превои“, вели Живковски.

Тој додава дека ваквиот ДУП каков што е изработен претставува сериозен проблем за градот Скопје, не само за граѓаните на Кисела Вода, така да евентуалното негово донесување ќе биде уште еден дополнителен хаос пред се во општината Кисела Вода.

„Ние и во минатиот период апелиравме да се повлече овој ДУП, меѓутоа градоначалникот Темелковски беше и остана нем на барањата на граѓаните, така да со овој протест го изразуваме нашето незадоволство, нашиот револт и доколку во најбрз можен рок не биде повлечен ваквиот предлог ДУП, ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе ги радикализираат протестите низ целата општина и низ градот Скопје“, истакна Живковски.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе