Прес-конференција на СДСМ

Живковиќ: Со стабилно мнозинство наскоро минималната плата ќе порасне на 18 илјади денари

Отворено ги прашуваме пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Левица: што имате против работничките и работниците да го добијат недела како неработен ден и зошто сте против 92 проценти од вработените во недела да одмараат, а преостанатите 8 проценти кои ќе работат да добиваат до 100 отсто зголемена дневница? Ова прашање од прес-конференција го постави Милан Живковиќ од СДСМ. Тој рече дека стабилното мнозинство во парламентот ќе резултира со пораст на минималната плата на 18 илјади денари.

„Всушност, знаеме зошто пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица ги блокираат измените во Законот за работните односи, тоа го прават за нашето општество да не добие позадоволни и попродуктивни работници и работнички на пазарот на труд а од тоа бенефит да имаат сите. Ваквите измени на Законот, нормално, не им одговараа да се случат пред локалните избори. Од истите причини ги блокираат и законските измени со кои 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование ќе добијат решение за трајно вработување со што ќе стенат правна и економска сигурност“, рече Живковиќ.

Тој наведе дека од истите причини тие опозициски партии го блокираат и предлог Законот за отпис на камати на долгови, со што на над 150.000 граѓани ќе им се помогне да го решат проблемот со задоцнетото плаќање на долговите кон јавните и државни претпријатија.

„Од истите причини пратениците од опозицијата најверојатно ќе се обидат да го блокираат и веќе најавеното зголемување на минималната плата на 18.000 денари планирано за јануари 2022 година“, нагласи Живковиќ кој додаде дека долго време тие го блокираа и субвенционирањето на платите од 14.500 денари со пакетите антикризни мерки, без да помислат, како што рече, како преживуваат работниците и работничките тие неколку месеци колку што им траеше блокадата!

Живковиќ потоа ѝ се обрати на опозицијата со зборовите дека нив воопшто не им е грижа за работниците и нивните права, туку само за гола власт.

„Локалните избори завршија, не успеавте да обезбедите кворум за гласање недоверба на Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, а нашето парламентарно мнозинство е во процес на зголемување! Затоа, престанете со евтините политички трикови, тргнете ги блокадите што континуирано ги поставувате - тоа деновиве ви го порачаа и синдикатите кои децидно побараа да се усвојат законите кои се во интерес на работниците и работничките“, рече на крајот Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

Почитувани работнички и работници,

Ве уверуваме дека зголеменото и стабилно парламентарно мнозинство повторно ќе ги порази блокадите и опструкциите на опозицијата, а Владата предводена од СДСМ, како и досега ќе продолжи да работи во интерес на сите граѓани и граѓанки, ќе обезбеди повисока минимална плата а недела ќе биде неработен ден!

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе