Во Женева

Жерновски се сретна со Гутереш: Поддршка за номинацијата на Заев и Ципрас за Нобелова награда за мир

Со историскиот Договор од Преспа е затворено прашањето кое не само што ја блокираше европската и евроатлантската иднина на Република Северна Македонија во изминатите 27 години, туку и создаваше судир помеѓу двете соседни држави. На овој начин, двајцата премиери покажаа политичка спремност да донесат политички одлуки со кои се овоможува трајна стабилност во регионот и во Европа, изјавил генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на средбата со македонскиот заменик министер за надворешни работи, Андреј Жерновски.

Гутереш, како што соопшти МНР, оценил дека личниот напор на Заев и на Ципрас и нивната спремност за компромис за добробит на граѓаните на двете земји се најдобар пример за мудро и долгорочно визионерство, кое е одлика исклучиво на вистинските лидери.

Средбата меѓу Гутереш и Жерновски се одржа во седиштето на ООН во Женева и на неа се разговарало за активностите на Владата на Република Северна Македонија во врска со спроведувањето на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, односно од Договорот со Грција. Притоа, и двајцата изразиле благодарност до амбасадорот Метју Нимиц за неговите лични заложби во решавањето на спорот за името, констатирајќи дека неговата дипломатска умешност и трпеливост од речиси три децении, заслужуваат длабока почит.

Гутереш, исто така информирал и за доставените писма од негова страна до Претседателот на Советот за безбедност и до Претседателот на Генералното Собрание на ОН, со кои ги известил за влегувањето во сила на Конечната спогодба.

На средбата, како што се додава во соопштението, станало збор и за номинацијата на премиерите Заев и Ципрас за Нобеловата награда за мир за 2019 година, поради постигнатиот Договор од Преспа, при што Гутереш ја искажа поддршката овогодинешната награда за мир да им биде доделена токму ним.

Според Гутереш, успешниот епилог на Договорот од Преспа, како и постапката на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, е од исклучително значење за регионот и за цела Европа, но пред сè е голем успех за ОН, за ЕУ и за НАТО.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе