Жерновски се повлече од трката за Центар, СДСМ ќе оди со свој кандидат

Актуелниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски ќе ја повлече кандидатурата за втор мандат во Центар, а за возврат ќе влезе во извршната власт, соопшти премиерот Зоран Заев.

Жерновски, како што кажа Заев во емисијата Отворено на Телевизија 24, се согласил да го поддржи кандидатот за градоначалник на СДСМ и за тоа прашање веќе се усогласени ставовите.

Според Заев, сѐ уште е неизвесно кој ќе биде кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Центар, а во игра се повеќе имиња. Официјалната одлука на партијата ќе биде донесена денеска.

Инаку, Жерновски, по првичните најави дека нема да ја добие поддршката од СДСМ, собра потписи за да се кандидира како независен кандидат со сопствена советничка листа и во законскиот рок ги поднесе до ДИК.

 

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе