ДОГОВОР СО ЗАЕВ

Жерновски преминува во СДСМ и ќе добие висока позиција во власта

Актуелниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, објави дека освен што се откажува од кандидатурата за нов мандат во Центар, со лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, се договорил да добие висока позиција во централната власт, но и да премине во СДСМ. 

Договорот којшто вчера го соопшти Заев, Жерновски денеска го потврди на неговиот Фејсбук профил.

„Почитувани граѓани на Општина Центар, драги соборци и пријатели,

Како одговорен човек и политичар, секогаш ќе ги ставам единството и напредокот пред личните интереси. Затоа ја повлекувам независната кандидатура и давам целосна поддршка на партијата во новата битка која ни претстои.
Во договор со премиерот Заев, одлучив да ја продолжам кариерата на висока раководна позиција во централната власт и да станам дел од партијата која тој ја предводи. Со него имам одлична соработка и голема меѓусебна доверба и почитување. Токму затоа и решив да ја прифатам неговата понуда и заедно да продолжиме во нови победи. 
Сакам да ве уверам дека останувам посветен на Општина Центар и соработката со вас. 
Дозволете од сѐ срце да ви се заблагодарам за несебичната поддршка што ми ја дававте изминатите четири години како градоначалник на Центар. Ова беа истовремено најтешките, но и најубавите четири години од мојот живот, во кои искусив и научив многу. Во исклучително бурни времиња, преполни со притисоци, уцени и закани, успеавме да направиме многу за општината, но и за соборувањето на режимот на Никола Груевски. Покрај сите притисоци, напади и опструкции, ги разобличивме сите злоупотреби на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, но и реализираме 230 проекти од интерес на граѓаните. Иако тие проекти се реализирани исклучиво од сопствениот буџет, односно со 0 денари поддршка од централната власт, во еден мандат направиме повеќе од тоа што во претходни мандати го направија градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Јас и мојот тим на ова сме особено горди и знаеме дека сето ова немаше да биде возможно без огроманта поддршка која ја имавме од сите вас“, пишува Жерновски.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе